Механика

ФЈЈ01

1.

Наслов на нaставниот предмет

МЕХАНИКА

2.

Код

ФЈЈ01

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на Институтот за физика

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за физика,

Природно-математички факултет, УКИМ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус академски студии

6.

Академска година/семестар

I /1

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

д-р Александар Скепаровски, доцент

9.

Предуслови за запишување на предметот

Нема

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Совладување на основите на Њутновата механика и механиката на флуиди, стекнување на оперативни знаења за самостојно решавање на задачи од овие области и воведување на студентите во експерименталната работа преку изведување на лабораториски вежби. Стекнатите знаења и вештини треба да послужат како основа за натомошно изучување на  класичната физика.

11.

Содржина на предметната програма:        

  • Математички вовед: вектори, поим за извод и интеграл, диференцирање на вектори.
  • Кинематика: референтни системи, брзина и забрзување, аголни величини, трансформација на брзините и забрзувањата.
  • Њутнови закони: прв Њутнов закон, инерцијални референтни системи и Галилееви трансформации, втор и трет Њутнов закон, примена на Њутновите закони.
  • Работа и енергија: работа и кинетичка енергија, конзервативни сили и потенцијална енергија, закон за запазување на механичката енергија, моќност.
  • Импулс: импулс на материјална точка, закон за запазување на импулсот, импулс на сила, судири и центар на маса.
  • Ротационо движење: кинетичка енергија при ротација, момент на инерција, момент на сила, момент на импулс, равенка на моменти, закон за запазување на моментот на импулс.
  • Гравитација: Кеплерови закони, Њутнов закон за гравитација, гравитациона потенцијална енергија,   движење на сателити, гравитациона интеракција на сферно симетрични тела.
  • Неинерцијални референтни системи: рамномерно забрзани системи, ротирачки координатни системи, инерцијални сили  (центрифугална и Кориолисова сила).
  • Механика на еластични тврди тела: статичка рамнотежа и тежиште; Хуков закон и модули на еластичност.
  • Основи на механиката на флуиди: притисок, сила на потисок – Архимедов закон, равенка на континуитет, Бернулиева равенка, вискозност и закон на Пуазеј.

12.

Методи на учење:  предавања, нумерички и лабораториски вежби, консултации, самостојно решавање на задачи и домашно учење

13.

Вкупен расположив фонд на време

240 часa

14.

Распределба на расположивото време

120 часa наставни активности (неделен фонд: 4 часа предавања, 2 часа нумерички вежби и 2 часа лабораториски вежби)

+ 120 часа други форми на активности

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања-теоретска настава

60 часа

15.2

Вежби (лабораториски,

аудиториски), семинари, тимска работа

60 часа

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

20 часа

16.2

Самостојни задачи

40 часа

16.3

Домашно учење

60 часа

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

40 бода (писмен) + 45 бода (усмен)

17.2.

Семинарска работа/проект (презентација:писмена и/или усна)

10 бодови

17.3.

Активност и учество

5 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

               до 50 бода

      5 (пет)        (F)                  

       од 51 до 60 бода

      6 (шест)     (E)

       од 61 до 70 бода

      7 (седум)   (D)

       од 71 до 80 бода

      8 (осум)     (C)

       од 81 до 90 бода

      9 (девет)    (B)

       од 91 до 100 бода

    10 (десет)    (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

Со право на потпис се стекнуваат студентите кои редовно ги следеле предавањата, нумеричките и лабораториските вежби и поднеле елаборати за изработените лабораториски вежби. Услов за полагање на завршниот испит е студентите претходно да го имаат положено писмениот дел од испитот.

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски (по потреба на англиски)

21

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкета

22.

Литература

22.1

Задолжителна литература

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

H.D. Young and R.A. Freedman

Sears and Zemansky’s UNIVERSITY PHYSICS

Pearson

2015

2.

Љубо  А. Петковски

Општа физика – механика

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

1995

22.2

Дополнителна литература

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

D. Kleppner and R. Kolenkow

An introduction to mechanics

Cambridge University Press

2014

2.

Ѓорѓи Ивановски

Механика и молекуларна физика

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ , ПМФ - Скопје

2006

3.

I. E. Irodov

Problems in general physics

Mir Publishers Moscow

1981


    Следни испити од овој предмет:

  • 07 април 2023 во 10:15 Писмениот испит по механика ќе се одржи во голем физички амфитеатар.
  • 07 јуни 2023 во 10:00 Писмениот испит по механика ќе се одржи во мал физички амфитеатар
  • 23 јуни 2023 во 10:00 Писмениот испит по механика ќе се одржи во мал физички амфитеатар
  • 22 јануари 2024 во 10:00 Писмен испит по механика
  • 05 февруари 2024 во 10:00 Писмен испит по механика
  • 29 јануари 2024 во 09:00 Устен дел од испитот по Механика во првата декада. Испитот ќе се одржи во лаб. бр. 10. Студентите треба да го најават своето присуство на испит преку електронска порака најдоцна до 26.01.2024.
  • 12 февруари 2024 во 09:00 Устен дел од испитот по Механика во втората декада. Испитот ќе се одржи во лаб. бр. 10. Студентите треба да го најават своето присуство на испит преку електронска порака најдоцна до 09.02.2024.
  • 12 април 2024 во 09:00 Писмен дел од испитот по предметот Механика. Испитот ќе се одржи во лаб. бр 10. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 10 април.
  • 16 април 2024 во 09:00 Устен дел од испитот по предметот Механика. Испитот ќе се одржи во лаб. бр 10. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 15 април.
  • 14 јуни 2024 во 09:00 Писмен дел од испитот по предметот Механика во првата декада. Испитот ќе се одржи во лабoраторијата по механика. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 12 јуни.
  • 18 јуни 2024 во 09:00 Устен дел од испитот по предметот Механика во првата декада. Испитот ќе се одржи во лаб. бр 10. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 16 јуни.
  • 25 јуни 2024 во 12:00 Писмен дел од испитот по предметот Механика во втората декада. Испитот ќе се одржи во лабoраторијата по механика. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 23 јуни.
  • 05 јули 2024 во 09:00 Устен дел од испитот по предметот Механика во втората декада. Испитот ќе се одржи во лаб. бр 10. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 3 јули.
  • 29 август 2024 во 10:00 Писмен дел од испитот по предметот Механика во првата декада. Испитот ќе се одржи во лабoраторијата по Механика. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 27 август.
  • 06 септември 2024 во 09:00 Устен дел од испитот по предметот Механика во првата декада. Испитот ќе се одржи во лаб. бр 10. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 4 септември.
  • 13 септември 2024 во 10:00 Писмен дел од испитот по предметот Механика во втората декада. Испитот ќе се одржи во лабoраторијата по Механика. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 11 септември.
  • 20 септември 2024 во 09:00 Устен дел од испитот по предметот Механика во втората декада. Испитот ќе се одржи во лаб. бр 10. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 16 септември.
  • 27 јануари 2025 во 10:00 Писмен дел од испитот по предметот Механика во првата декада. Испитот ќе се одржи во лабoраторијата по Механика. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 24 јануари.
  • 31 јануари 2025 во 12:00 Устен дел од испитот по предметот Механика во првата декада. Испитот ќе се одржи во лаб. бр 10. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 29 јануари.
  • 06 февруари 2025 во 10:00 Писмен дел од испитот по предметот Механика во втората декада. Испитот ќе се одржи во лабoраторијата по Механика. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 4 февруари.
  • 12 февруари 2025 во 09:00 Устен дел од испитот по предметот Механика во втората декада. Испитот ќе се одржи во лаб. бр 10. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 10 февруари.
  • 25 март 2025 во 10:00 Писмен дел од испитот по предметот Механика. Испитот ќе се одржи во лабoраторијата по Механика. Студентите кои планираат да полагаат треба да го најават своето присуство преку електронска порака најдоцна до 23 март.
  • 01 април 2025 во 09:00 Устен дел од испитот по предметот Механика. Испитот ќе се одржи во лаб. бр 10. Студентите кои планираат да полагаат треба своето присуство да го најават најдоцна до 30 март.

    Материјали

Следни испити

Април/Мај
П В С Ч П С Н
14151617181920
21222324252627
2829301234
567891011
12131415161718
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2025. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.