Последипломски студии по Теориска физика на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет (Магистер по физички науки - Теориска физика)
Втор циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити
Подрачје: Природно-математички науки; Поле: 103 Физика; Област: 10313 Квантна механика, релативитет, гравитација; 10314 Математичка и општа теориска физика; 10319 Статистичка физика и термодинамика; 10320 Теориска физика
Право на запишување на вториот циклус студии по теориска физика имаат кандидати со завршен прв циклус студии по:- физика- математика- технички науки. Бројот на студенти предвиден за запишување на дадената студиска програма е 10 студенти со кофинансирање.
Сооднос помеѓу задолжителните и изборните предмети:
Вкупниот број предмети на студиската програма е 5. Согласно Законот за високо образование, тие се распределени на следниов начин:
- Задолжителни предмети: 3 со 18 ЕКТС,
- Изборни предмети: 2 со 12 ЕКТС (20 % од вкупниот број кредити на студиската програма)
Листа на задолжителни предмети
1. семестар |
|||||
Код |
Предмет |
П |
А |
Л |
кредити |
2Ф16-21 |
Квантна механика-напреден курс |
3 |
3 |
0 |
6 |
2Ф17-21 |
Статистичка физика-напреден курс |
3 |
3 |
0 |
6 |
2Ф18-21 |
Математички методи во теориската физика |
3 |
3 |
0 |
6 |
|
Изборен предмет |
|
|
|
6 |
|
Изборен предмет |
|
|
|
6 |
|
Вкупно задолжителни |
|
|
|
18 |
|
Вкупно изборни |
|
|
|
12 |
|
Вкупно |
|
|
|
30 |
Во вториот семестар студентите изработуваат и бранат магистерска работа, која е вреднувана со 30 кредити.
Листа на изборни предмети
Код Наслов на предметот
2Ф19-21 Вовед во општата теорија на релативност
2Ф20-21 Квантна теорија на поле
2Ф21-21 Фотоника
2Ф22-21 Нелинеарна динамика и теорија на хаос
2Ф23-21 Квантни компјутери
2Ф24-21 Транспортни процeси во органски проводници
2Ф25-21 Молекуларна квантна механика
Начин на избор на предмети
Студентот може да избере предмет од понудената листа на оваа студиска програма.