Студентска пракса

Договори за студентска пракса потпишани заклучно со јуни 2026 година

На иницијатива на Институтот за физика при ПМФ - Скопје беа потпишани нови договори за пракса со следните институции:

 

Институција/фирма

Датум на потпишување:

Важност до:

1.

Истражувачки центар за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ

28.02.2025

27.02.2027

2.

Медицински факултет - Скопје

04.03.2025

03.03.2027

3.

Алфа Едукација ДООЕЛ – Скопје

06.03.2025

05.03.2027

4.

Друштво на физичарите на Република Македонија

13.03.2025

12.03.2027

5.

Македонско Астрономско Друштво, Скопје

13.03.2025

12.03.2027

6.

Институт за јавно здравје

25.03.2025

24.03.2027

7.

ЈЗУ Универзитетски институт за позитрон-емисиона томографија (УИ-ПЕТ)

08.04.2025

07.04.2027

8.

Управа за хидрометеоролошки работи

09.04.2025

08.04.2027

9.

СУГС „Георги Димитров“ - Скопје

17.04.2025

16.04.2027

10.

ООУ „Стив Наумов“ – Прилеп

14.05.2025

13.05.2027

11.

Друштво за електроника, дизајнирање и производство МИКРОСАМ увоз-извоз ДОО Прилеп

10.06.2025

09.06.2027

12.

ООУ „Гоце Делчев“ - Прилеп

17.06.2025

16.06.2027

13.

Екотех ЛАБ С

24.06.2025

23.06.2027

14.

Институт за акредитација на Република Македонија

04.07.2025

03.07.2027

15.

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност - Кавадарци

18.07.2025

17.07.2029

16.

Здружение за умножување на слободни содржини „ВИКИМЕДИЈА ГМСЗ МКД“ Скопје

Меморандум за соработка од 07.10.2025

17.

Футуре Инноватионс ДООЕЛ (Future Innovations)

28.10.2025 

27.10.2029

18.

ФАРМАХЕМ

31.10.2025

30.10.2029

19.

ДПТУ „ИНДУСТРИЈАКОМЕРЦ“ ДООЕЛ

15.12.2025

14.12.2027

20.

ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ - Битола

24.04.2026

24.04.2030

21.

ОУ „Блаже Конески“ – Скудриње

23.04.2026

23.04.2030

22.

Дирекција за радијациона сигурност

Меморандум за соработка од 09.06.2026

Футуре Инноватионс ДООЕЛ (Future Innovations)

ФАРМАХЕМ

ДПТУ „ИНДУСТРИЈАКОМЕРЦ“ ДООЕЛ


Документи за реализација на практична настава на студентите

1) Студентите може да реализираат практична настава за академската 2024/2025 г., во период од 30 дена, до крајот на зимскиот семестар 2025/2026 г., (студентите се навремено информирани преку IKNOW системот и со поддршка на претседателот на ФСС) во компании, фирми, државни установи од различен тип или во некоја од лабораториите на соодветниот институт. 

2) Студентот пред да започне со летна пракса потребно е да достави Потврда (Упатница) за отпочнување со студентска пракса пополнета во три примероци, кај раководителот на институтот на потпис. Потврдата потпишана од раководителот на институтот се носи на потпис кај деканот на Факултетот;

3) Студентот кој одлучил да ја реализира летната пракса во некоја установа со која Факултетот нема склучено договор, заедно со потврдата во три примероци, треба да достави три примероци на бланко Договор за практична настава и три примероци на Пропратно писмо кај раководителот на институтот. Потпишаната Потврда од раководителот на институтот заедно со Договорот и Пропратното писмо се носат на потпис кај деканот на Факултетот. Потпишаните документи по заверката во архивата на Факултетот се предаваат на студентот. Студентот е должен да го достави на потпис и заверка Договорот кај субјектот каде што ќе ја реализира практичната наставаДва примероци од Договорот потпишани и заверени од субјектот потребно е да бидат вратени на Факултетот;

4) По завршување на праксата студентот треба да достави еден примерок Потврда за реализирана практична настава, пополнета, потпишана и заверена од фирмата каде се одвивала праксата, во точно назначена просторија на институтот (Библиотека на Институтот за физика). Студентот не ја носи Потврдата во Одделението за студентски прашања.  

5) Потврдите ги собира одговорно лице, м-р Весна Манчевска, библиотекар на ИФ, прави копии за во архивата на институтот и ги носи оригиналите во Одделението за студентски прашања. Оригиналната Потврда се става во студентското досие.


Одговорни лица за студентска пракса на Институтот за физика при ПМФ - Скопје

доц. д-р Елена Вчкова Бебековска (elenavb@pmf.ukim.mk), член на Центарот за кариера на ПМФ (консултации и насоки при планирањето на студентската пракса)

м-р Весна Манчевска (vesna.mancevska@pmf.ukim.mk), библиотекар (одговорно лице за собирање на упатниците за отпочнување пракса и потврдите за завршена пракса)


Следни испити

Август/Септември
П В С Ч П С Н
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31123456
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2026. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.