М-р ЈОВАН ЈАНУШЕСКИ
Додипломските и магистерските студии ги завршив на Институтот за физика при Природно математичкиот факултет во Скопје. За време на моето студирање се стекнав со знаење и вештини, кое потоа го применив прво како професор по физика во СУГС ,,Георги Димитров" во Скопје, потоа како добра основа во работата од областа на радијациона физика и физика на животната средина (гама спектрометрската метода и мерењето на радон) во Одделението за радијациона заштита при ЈЗУ Институт за јавно здравје. Моите предзнаења од редовните и магистерските студии беа од фундаментално значење и на специјализацијата по Медицинска нуклеарна физика, каде се применува медицинската и нуклеарната физика при дијагностичкиот и терапевтски третман на пациентите.
Д-р БИЛЈАНА МИТРЕСКА
пост-докторанд на Техничкиот универзитет во Дортмунд, Дортмунд, Германија
д-р Билјана Митреска е доктор на науки од областа на физика на елементарни честици.
М-р НАТАША ИВАНОВСКА
Одговорно лице за Калибрации во Алкалоид АД Скопје
Во 1998 година дипломирав на студиите по Применета физика на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Студирањето физика секогаш сум го сметала за привилегија. Студиравме во мала група, во која сите бевме пријатели. Сите професори, асистенти и лаборанти не познаваа во прво лице. Таквите услови значеа учење со задоволство. Денес работам како одговорно лице за Калибрации во Алкалоид АД Скопје. Знаењата стекнати на редовните студии ми овозможија фундаментални познавања на физичките величини, но и уникатен аналитички начин на мислење. Условите во кои студиравме од нас направија ентузаијасти, личности кои сакаат предизвик. Подоцна и го надоградив своето знаење од областа Метрологија.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 1 | 2 | 3 | 4 |
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |