Втор циклус (мастер студии)

МЕДИЦИНСКА ФИЗИКА

Последипломски студии по Медицинска физика на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет (Магистер по физички науки – Медицинска физика)

Втор циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Подрачје: Природно-математички науки; Поле: 103 Физика; Област: 30116 Медицинска физика, 10323 Друго

Право на запишување имаат кандидати кои завршиле прв циклус академски студии со освоено најмалку 240 кредити согласно ЕКТС и кои стекнале диплома:дипло миран инжeнер по физика, дипломиран физичар, дипломиран професор по физика, дипломиран професор по математика-физика, дипломиран инженер на ФЕИТ (барање дополнително предзнаење коешто го одредува наставникот или колегиумот на вториот циклус). Бројот на студенти предвиден за запишување на дадената студиска програма е 10  студенти со кофинансирање.

Сооднос помеѓу задолжителните и изборните предмети:

Вкупниот број предмети на студиската програма е 5. Согласно Законот за високо образование, тие се распределени на следниов начин:

-        Задолжителни предмети: 3 со 18 ЕКТС,

-        Изборни предмети: 2 со 12 ЕКТС (20 % од вкупниот број кредити на студиската програма)

Листа на задолжителни предмети

1. семестар

Код

Предмет

П

А

Л

кредити

2Ф35-21

Радијациона физика, дозиметрија и заштита од зрачење

3

2

1

6

2Ф36-21

Физика на медицински имиџинг техники

4

0

2

6

2Ф37-21

Физички методи и уреди во медицината

4

1

1

6

 

Изборен предмет

 

 

 

6

 

Изборен предмет

 

 

 

6

 

Вкупно задолжителни

 

 

 

18

 

Вкупно изборни

 

 

 

12

 

Вкупно

 

 

 

30

 

Во вториот семестар студентите изработуваат и бранат магистерска работа, која е вреднувана со 30 кредити.

 

 Листа на изборни предмети

Код                  Наслов на предметот

2Ф38-21           Медицинска физика

2Ф39-21           Физика на радиотерапија

2Ф40-21           Медицинска електроника

2Ф41-21           Одбрани делови од молекуларна биофизика

2Ф42-21           Ултразвук во медицината

2Ф43-21           Нуклеарни аналитички техники

 Начин на избор на предмети

 Студентот може да избере предмет од понудената листа на оваа студиска програма.

Следни испити

Март/Април
П В С Ч П С Н
25262728293031
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2024. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.