Последипломски студии по Сончева енергија на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет (Магистер по физички науки – Сончева енергија)
Втор циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити
Подрачје: Природно-математички науки; Поле: 103 Физика; Област: - 10309: Физика на кондензирана материја- 10312: Експериметална физика
Право на запишување на вториот циклус студии по Сончева енергија имаат кандидати со завршен прв циклус студии по
- физика-сите насоки и
- двопредметни студии, каде што еден од модулите е физика: математика-физика, физика-хемија, физика-биологија, физика-информатика.
Бројот на студенти предвиден за запишување на дадената студиска програма е 10 студенти со кофинансирање.
Елаборат за студиската програма по Сончева енергија
Решение за акредитација на студиската програма по Сончева енергија
Решение за почеток со работа на студиската програма по Сончева енергија
Сооднос помеѓу задолжителните и изборните предмети:
Вкупниот број предмети на секоја студиска програма е 5. Согласно Законот за високото образование, тие се распределени на следниов начин:
- Задолжителни предмети: 3 со 18 ЕКТС,
- Изборни предмети: 2 со 12 ЕКТС (20 % од вкупниот број кредити на студиската програма)
Листа на задолжителни предмети
1. семестар |
|||||
Код |
Предмет |
П |
А |
Л |
Кредити |
2Ф44-21 |
Сончево зрачење |
3 |
1 |
2 |
6 |
2Ф45-21 |
Фототермички и фотоелектрични својства на материјалите |
3 |
1 |
2 |
6 |
2Ф46-21 |
Фотоволтаична конверзија |
3 |
1 |
2 |
6 |
|
Изборен предмет |
3 |
1 |
2 |
6 |
|
Изборен предмет |
3 |
1 |
2 |
6 |
|
Вкупно задолжителни |
|
|
|
18 |
|
Вкупно изборни |
|
|
|
12 |
|
Вкупно |
|
|
|
30 |
Во вториот семестар студентите изработуваат и бранат магистерска работа, која е вреднувана со 30 кредити.
Листа на изборни предмети
Код Наслов на предметот
2Ф47-21 Рамни и концентрирачки колектори
2Ф48-21 Транспарентни спроводливи и фотоспроводливи филмови за фотоволтаици
2Ф49-21 Импедансна спектроскопија
2Ф11-21 Оптички и фотоелектрични својства на тврдите тела
2Ф09-21 Физика на полуспроводнички уреди
2Ф13-21 Зонска теорија
Начин на избор на предмети
Студентот може да избере предмет од понудената листа на оваа студиска програма.