Втор циклус (мастер студии)

ПРИМЕНЕТА ФИЗИКА

Последипломски студии по Применета физика на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет (Магистер по физички науки - Применета физика)

Втор циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Подрачје: Природно-математички науки; Поле: Физика; Област: - 10309: Физика на кондензирана материја- 10312: Експериметална физика- 10316: Метрологија

Право на запишување на вториот циклус студии по применета физика имаат кандидати со завршен прв циклус студии по физика. Подобноста на кандидатите од други студиски групи на ПМФ и други факултети се оценува од Наставно-научниот колегиум на студиите. Бројот на студенти предвиден за запишување на дадената студиска програма е 10 студенти со кофинансирање.

Сооднос помеѓу задолжителните и изборните предмети:

Вкупниот број предмети на секоја студиска програма е 5. Согласно Законот за високото образование, тие се распределени на следниов начин:

-        Задолжителни предмети: 3 со 18 ЕКТС,

-        Изборни предмети: 2 со 12 ЕКТС (20 % од вкупниот број кредити на студиската програма)

Листа на задолжителни предмети

1. семестар

Код

Предмет

П

А

Л

кредити

2Ф08-21

Физика на полуспроводници

3

3

0

6

2Ф09-21

Физика на полуспроводнички уреди

3

3

0

6

2Ф10-21

Транспортни процеси во тврдите тела

3

1

0

6

 

Изборен предмет

4

1

0

6

 

Изборен предмет

4

1

0

6

 

Вкупно задолжителни

 

 

 

18

 

Вкупно изборни

 

 

 

12

 

Вкупно

 

 

 

30

 

Во вториот семестар студентите изработуваат и бранат магистерска работа, која е вреднувана со 30 кредити.

 

 Листа на изборни предмети

Код                  Наслов на предметот

2Ф11-21 Оптички и фотоелектрични својства на тврдите тела

2Ф12-21 Технологија на микроелектронски интегрирани кола

2Ф13-21 Зонска теорија

2Ф14-21 Теорија на групи во физиката

2Ф15-21 Компјутерски симулации во физиката на кондензирана материја

 Начин на избор на предмети

 Студентот може да избере предмет од понудената листа на оваа студиска програма.

© 2022. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.