ЗОШТО ДА СТУДИРАТЕ ФИЗИКА...

Затоа што физиката ги проучува најфундаменталните законитости според кои се одвиваат природните појави, почнувајќи од оние во светот на атомите и нивните составни делови, па завршувајќи со процесите и еволуцијата на универзумот во целост. Затоа што физиката е израз на вечниот стремеж на човекот да ги открие тајните на природата, но истовремено и двигател на технолошкиот развој. Затоа што сѐ е физика!

Кои се главните предности на студирањето на Институтот за физика при ПМФ - Скопје?

•Достапност и посветеност на професорите
•Работа во мали групи со индивидуален пристап кон студентите
•Можност за стипендија од МОН од 18 000 денари
•Меѓународно призната диплома



Зошто да студирате Теориска физика?

Затоа што ги објаснува природните појави со користење на математички модели и открива нови законитостиСтудиската програма е посебно погодна за студентите, коишто имаат склоност кон аналитичко размислување и способност да ги применуваат математичките знаења и вештини за објаснување на природните појави и процеси.  Студиската програма Теориска физика е вистинскиот избор за сите што имаат амбиција да се занимаваат со фундаментални научни истражувања во иднина. Доколку ве привлекува квантната механика изберете ја оваа студиска програма! Ајнштајн бил теориски физичар. 

Кликнете на линкот ТЕОРИСКА ФИЗИКА за повеќе информации.


Зошто да студирате Наставна физика?

Затоа што ќе научите за модерните методи и нивната примена во наставата по физика за средно образованиеИдните професори по физика ќе можат да креираат експерименти, симулации, е-книги и други нагледни средства за презентирање на физиката како интересна и динамична наука. Пренесувањето на знаењата на младите генерации е најблагородната професија. Наставниците по физика се дефицитарен кадар и веднаш се вработуваат. 

Кликнете на линкот НАСТАВНА ФИЗИКА за повеќе информации.


Зошто да студирате Медицинска физика?

Затоа што ги применува сознанијата на физиката во медицината и здравствената заштита. Медицинскиот физичар ги познава физичките принципи на работа на модерните медицински уреди, обучен е за планирање на медицинска зрачна терапија, контрола на квалитетот на опремата, имплементација на стандардите за заштита на медицинскиот персонал и пациентите од јонизирачки зрачења.

Кликнете на линкот МЕДИЦИНСКА ФИЗИКА за повеќе инфрмации.


Зошто да студирате Астрономија и астрофизика?

Затоа што ги проучува небесните објекти, нивната еволуција и универзумот во целина. Студентите се оспособуваат за обработка на податоци од астрономски набљудувања, како и за примена на физичките закони во услови кои драстично се разликуваат од оние на Земјата.

Кликнете на линкот АСТРОНОМИЈА И АСТРОФИЗИКА за повеќе информации.


Зошто да студирате Применета физика?

Затоа што ќе се здобиете со знаења за создавање на нови материјали и уреди, засновани на познавањето на физичките закони, класичните и квантномеханичките, преку теориски согледувања и модели што тргнуваат од физички законитости. Студентите се оспособуваат за примена на физичките закони во реални ситуации, за научно експериментирање, совладуваат софистицирани мерни техники кои се применуваат во научни, развојни и метролошки лаборатории.

Кликнете на линкот ПРИМЕНЕТА ФИЗИКА  за повеќе информации,


Зошто да студирате Геофизика и метеорологија?

Затоа што ја проучува планетата Земја и нејзината атмосфера со помош на различни физички методи. Студентите се оспособуваат за работа во сеизмолошки опсерватории, за истражувања поврзани со откривање на наоѓалишта на руди, нафта, гас, за работа во метеоролошки опсерватории, за прогноза и симулација на времето и климата.

Кликнете на линкот ГЕОФИЗИКА И МЕТЕОРОЛОГИЈА за повеќе информации.


Следни испити

Август/Септември
П В С Ч П С Н
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31123456
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2026. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.