Квантна механика 2

ФТЗ04

1.

Наслов на нaставниот предмет 

Квантна механика 2

2.

Код

ФТЗ04

3.

Студиска програма

Теориска физика

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

 Институт за физика

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус академски студии

6.

Академска година/семестар / изборност

IV/7 задолжителен

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

доц. д-р Ирина Петреска

9.

Предуслови за запишување на предметот

Положени Математичка физика 1 и 2. Слушани Квантна механика 1 и Статистичка физика.

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Вовед во релативистичката квантна механика. Оспособување за примена на квантномеханичките методи за изучување на системи од идентични честички со посебен осврт на повеќеелектронските атоми. Усвојување на теориските основи на зрачењето во рамките на нестационарната теорија на пертурбации. Запознавање со различните пристапи при изучувањето на расејувањето во квантната механика и оспособување за пресметување на ефикасниот пресек и амплитудата на расејување во проблеми со централна симетрија.

11.

Содржина на предметната програма:

Квазирелативистичка квантна механика. Равенка на Клајн-Гордон. Равенка на Дирак. Релативистички поправки. Спектар на водороден атом во магнетско поле.

Систем од многу честички. Вовед. Идентични честички, принцип на неразликување. Систем од две идентични честички. Закон за запазување на симетријата. Бозони. Фермиони. Систем од N идентични честички. Многулектронски системи. Матрични елементи. Самосогласувано поле. Метод на Хартри-Фок. Функционал од електронската густина. Теореми на Хоенберг-Кон. Равенки на Кон-Шем. Секундарна квантизација. Оператор на анихилација и генерација.

Многуелектронски атоми. Електронска конфигурација. Атомски спектрални термови. Поправки кон електронските термови. Спин-орбитално заемодејство. Фина структура. Атом во хомогено магнетско поле. Атом во хомогено електрично поле. Двоелектронски атоми. Статистички модели.

Теорија на зрачење. Полукласична теорија на зрачење. Веројатност за премин во рамките на нестационарната теорија на пертурбации. Мултиполно разложување. Диполна апроксимација. Коефициенти на Ајнштајн. Изборни правила во диполна апроксимација. Карактеристики на зрачењето – време на живот, интензитет и природна ширина на спектралните линии. Атомски спектри.

Теорија на расејување.  Вовед и дефиниции. Видови расејување. Еластични судири. Равенка на Липман-Швингер. Пресметување на диференцијалниот ефикасен пресек и амплитудата на расејаниот пакет. Оптичка теорема. Борнова апроксимација. Централно-симетрични проблеми и метод на парцијални бранови. Временски зависна формулација на проблемот на расејување. Нееластични судири. Расејување на електрон од водородосличен атом. Нееластично расејување – метод на парцијални бранови. Тотален ефикасен пресек на расејување.

12.

Методи на учење: Предавања; Аудиториски вежби; Пребарување на литература и други ресурси за учење; Подготовка на испитот; Подготовка на семинари;

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

контактни часови – 90 (седмично 3 часа предавања, 3 часа аудиториски вежби)

неконтактни часови - 150

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања-теоретска настава

45

 

 

15.2

Вежби (лабораториски,

аудиториски), семинари, тимска работа

45

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

30

16.2

Самостојни задачи

30

16.3

Домашно учење

90

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

                                                  бодови     70                                               

17.2.

Семинарска работа/проект (презентација:писмена и усна)

 

                                                  бодови     20

17.3.

Активност и учество

                                                  бодови     10

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

               до 50 бода

      5 (пет)        (F)                  

       од 51 до 60 бода

      6 (шест)     (E)

       од 61 до 70 бода

      7 (седум)   (D)

       од 71 до 80 бода

      8 (осум)     (C)

       од 81 до 90 бода

      9 (девет)    (B)

       од 91 до 100 бода

    10 (десет)    (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

Минимум освоени 20 бода

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски јазик

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анкети

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Ѓ. Ивановски,

Квантна механика - 2

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

2000

2.

Ј. Ј. Sakurai

Modern quantum mechanics

Addison-Wesley Publishing Company  

1994

22.2

Дополнителна литература

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

 

 

 

 


    Следни испити од овој предмет:

  • 21 јануари 2022 во 10:00
  • 04 февруари 2022 во 10:00
  • 25 јануари 2023 во 10:00
  • 08 февруари 2023 во 10:00
  • 07 април 2023 во 12:15 Покрај пријавата во iknow, студентите треба задолжително да се пријават по електронска пошта кај предметниот професор на е-адресата petreskairina@gmail.com најмалку два дена пред закажаниот испит.
  • 06 јуни 2023 во 10:00 Просторија бр. 241. Покрај пријавувањето во iknow, студентите треба задолжително да го пријават своето присуство кај предметниот наставник, најдоцна 48 часа пред испитот, на следната емаил адреса irina.petreska@pmf.ukim.mk.
  • 22 јуни 2023 во 10:00 Просторија бр. 241. Покрај пријавувањето во iknow, студентите треба задолжително да го пријават своето присуство кај предметниот наставник, најдоцна 48 часа пред испитот, на следната емаил адреса irina.petreska@pmf.ukim.mk.
  • 23 август 2023 во 10:00 Испит по Квантна механика 2 - теорија и задачи. Просторија бр. 117. Покрај пријавувањето во iknow, студентите треба задолжително да го пријават своето присуство кај предметниот наставник, најдоцна 48 часа пред испитот, на следната емаил адреса irina.petreska@pmf.ukim.mk.
  • 12 септември 2023 во 10:00 Испит по Квантна механика 2 - теорија и задачи. Просторија бр. 117. Покрај пријавувањето во iknow, студентите треба задолжително да го пријават своето присуство кај предметниот наставник, најдоцна 48 часа пред испитот, на следната емаил адреса irina.petreska@pmf.ukim.mk.
  • 18 јануари 2024 во 10:00 Студентите треба 15 минути пред закажаниот термин да бидат пред кабинетот на предметниот наставник. Покрај пријавувањето во iknow, студентите треба задолжително да го пријават своето присуство кај предметниот наставник, најдоцна 48 часа пред испитот, на следната емаил адреса irina.petreska@pmf.ukim.mk.
  • 08 февруари 2024 во 10:00 Студентите треба 15 минути пред закажаниот термин да бидат пред кабинетот на предметниот наставник. Покрај пријавувањето во iknow, студентите треба задолжително да го пријават своето присуство кај предметниот наставник, најдоцна 48 часа пред испитот, на следната емаил адреса irina.petreska@pmf.ukim.mk.
  • 12 април 2024 во 12:00 Студентите треба 15 минути пред закажаниот термин да бидат пред кабинетот на предметниот наставник. Покрај пријавувањето во iknow, студентите треба задолжително да го пријават своето присуство кај предметниот наставник, најдоцна 48 часа пред испитот, на следната емаил адреса irina.petreska@pmf.ukim.mk.

    Материјали

Следни испити

Април/Мај
П В С Ч П С Н
15161718192021
22232425262728
293012345
6789101112
13141516171819
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2024. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.