Студиската програма по физика на третиот циклус се реализира на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
СОДРЖИНА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ЗА ФИЗИКА НА ТРЕТИОТ ЦИКЛУС
Научeн назив со кој се стекнува студентот по завршување на студиската програма
Студиска програма по физика
Стручен назив: Доктор на физички науки
Стручен назив на англиски: PhD in Physics
Предмет |
кредити |
|
1. семестар |
||
Научно-истражувачка етика со примена и примери во природните науки (предмет за стекнување генерички знаења од листата задолжителни предмети за стекнување генерички знаења) |
4 |
|
Методологија на научноистражувачка работа со примена и примена во природните науки (предмет за стекнување генерички знаења од листата изборни предмети за стекнување генерички знаења) |
4 |
|
Изборен предмет од полето и областа на истражување |
7,5 |
|
Изборен предмет од полето и областа на истражување |
7,5 |
|
Истражување за подготовка на тема за докторска дисертација |
7 |
|
Вкупно |
30 |
|
2. семестар |
||
Изборен предмет од универзитетската листа на предмети за стекнување генерички знаења |
4 |
|
Изборен предмет од полето и областа на истражување |
7,5 |
|
Изборен предмет од полето и областа на истражување |
7,5 |
|
Докторски семинар со презентација |
2 |
|
Истражување за подготовка на тема за докторска дисертација |
7 |
|
Годишна конференција со презентација на извештај |
2 |
|
Вкупно |
30 |
|
3. семестар |
|
|
Истражување за подготовка на тема за докторска дисертација |
28 |
|
Докторски семинар со презентација на извештај |
2 |
|
Вкупно |
30 |
|
4. семестар |
|
|
Истражување и објавување резултати |
25 |
|
Работилница за истражувачка практика |
3 |
|
Годишна конференција со презентација на извештај |
2 |
|
Вкупно |
30 |
|
5. семестар |
|
|
Истражување и објавување резултати |
28 |
|
Докторски семинар со презентација на извештај |
2 |
|
Вкупно |
30 |
|
6. семестар |
|
|
Истражување и пишување на тезата |
25 |
|
Работилница за истражувачка практика |
3 |
|
Годишна конференција со презентација на извештај |
2 |
|
Вкупно |
30 |
|
Организација на наставата на третиот циклус е следна
• основни (генерички) предмети (12 ЕКТС);
• предмети од подрачјето, предмети од полето на истражување, специфични предмети од потесната област на истражување (30 ЕКТС);
• научноистражувачка активност (120 ЕКТС);
• учество на семинари, работилници, конгреси, пишување извештаи во текот на три години (18 ЕКТС).
Код |
Предмет |
ЕКТС |
Наставник |
ДФИЗ/301
|
Научноистражувачка етика со примена и примери во природните науки
|
4 |
30% општ дел наставник од Универзитетската листа, 70% специјален дел – проф. д-р Благоја Вељаноски |
Код |
Предмет |
ЕКТС |
Наставник |
ДФИЗ/302 |
Методологија на научноистражувачката работа со примена и примери во природните науки |
4 |
30% општ дел наставник од Универзитетската листа, 70% специјален дел – наставници: проф. д-р Благоја Вељаноски и проф. д-р Оливер Зајков |
Код |
Предмет |
ЕКТС |
Наставник |
ДФИЗ/303 |
Презентација на научни резултати |
4 |
Проф. д-р Оливер Зајков |
Оваа група предмети ги опфаќаат предметите со чија помош кандидатот ќе дојде до одредени сознанија и знаења за решавање проблеми од потесните области на физиката. Тесно специјализирани знаења се стекнуваат со сопствено следење, проучување на пристапната литература во таа област, соработка со менторот и креативна работа на предметите по избор и интерес на кандидатот, а кои се совпаѓаат со областа од која е предложена докторската теза.
Табела 1.
Код |
Предмет |
ЕКТС |
Наставник |
|
ДФИЗ/304 |
Апсорпција и расејување на електромагнетни бранови |
7,5 |
Проф. д-р Олга Галбова |
|
ДФИЗ/305 |
Физика на органски суперспроводници и спроводници |
7,5 |
Проф. д-р Даница Крстовска |
|
ДФИЗ/306
|
Транспарентни спроводливи и фотоспро-водливи филмови за фотоволтаици |
7,5 |
Проф. д-р Атанас Танушевски |
|
ДФИЗ/307 |
Тенки филмови за фотоволтаични колектори |
7,5 |
Проф. д-р Мимоза Ристова |
|
ДФИЗ/308 |
Физика на Сончевиот систем |
7,5 |
Проф. д-р Гордана Апостоловска |
|
ДФИЗ/309 |
Електрохромизам |
7,5 |
Проф. д-р Јулијана Велевска |
|
ДФИЗ/310 |
Нелинеарна динамика на комплексни мрежи |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Александар Ѓурчиновски |
|
ДФИЗ/311 |
Електронска структура на материјалите: теорија и симулации |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Ирина Петреска |
|
ДФИЗ/312 |
Напредни методи за радиотерапија |
7,5 |
Проф. д-р Мимоза Ристова |
|
ДФИЗ/313 |
Електронска теорија на металите |
7,5 |
Проф. д-р Олга Галбова |
|
ДФИЗ/314 |
Зебеков и Нернст ефект во органски суперспроводници |
7,5 |
Проф. д-р Даница Крстовска |
|
ДФИЗ/315 |
Фотоволтаични ќелии |
7,5 |
Проф. д-р Атанас Танушевски |
|
ДФИЗ/316 |
Фотометрија и спектрофотометрија на мали планети |
7,5 |
Проф. д-р Гордана Апостоловска |
|
ДФИЗ/317 |
Физички принципи на напредните имиџинг техники во медицината |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Весна Гершан |
|
ДФИЗ/318 |
Методи во истражувањата на тенките филмови |
7,5 |
Проф. д-р Мимоза Ристова |
|
ДФИЗ/319 |
Kвантномеханички осцилаторни системи |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Ирина Петреска |
|
ДФИЗ/320 |
Компјутерски симулации во физиката |
7,5 |
Проф. д-р Благоја Вељаноски, Проф. д-р Наце Стојанов |
|
ДФИЗ/321 |
Модулирање на ласерска светлина и примена |
7,5 |
Проф. д-р Сузана Топузоски |
|
ДФИЗ/322 |
Физичка оптика |
7,5 |
Проф. д-р Сузана Топузоски |
|
ДФИЗ/323 |
Физика на биомолекули |
7,5 |
Проф. д-р Маргарета Пецовска Ѓорѓевиќ |
|
ДФИЗ/324 |
Физика на биолошки системи |
7,5 |
Проф. д-р Маргарета Пецовска Ѓорѓевиќ |
|
ДФИЗ/325 |
Линеарна и нелинеарна генерација на високо-фреквентни акустични бранови во органски суперспроводници |
7,5 |
Проф. д-р Даница Крстовска |
|
ДФИЗ/326 |
Физика на ѕвезди |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Олгица Кузмановска |
|
ДФИЗ/327 |
Пренос на зрачење во ѕвездените атмосфери |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Олгица Кузмановска |
|
ДФИЗ/328 |
Основи на физиката на тенки филмови |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Александар Скепаровски |
|
ДФИЗ/329 |
Електрично карактеризирање на полуспроводници |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Александар Скепаровски |
|
ДФИЗ/330 |
Физика на меки материјали |
7,5 |
Доцент д-р Ристе Попески - Димовски |
|
ДФИЗ/331 |
Основи на нелинеарна динамика |
7,5 |
Научен советник, д-р Љупчо Хаџиевски (Винча институт, Белградски универзитет) |
|
ДФИЗ/332 |
Нелинеарна фотоника |
7,5 |
Научен советник, д-р Љупчо Хаџиевски (Винча институт, Белградски универзитет) |
|
ДФИЗ/333 |
Статистичка физика на комплексни мрежи |
7,5 |
Академик Љупчо Коцарев |
|
ДФИЗ/334 |
Биофизички модели |
7,5 |
Академик Љупчо Коцарев |
|
ДФИЗ/335 |
Анализа на сигнали од нелинеарни динамички системи |
7,5 |
Доц. д-р Томислав Станковски |
|
ДФИЗ/336 |
Нелинеарни осцилации и интеракции |
7,5 |
Доц. д-р Томислав Станковски |
|
ДФИЗ/337 |
Мерење на радиоактивноста |
7,5 |
Доцент д-р Ламбе Барандовски |
|
ДФИЗ/338 |
Стохастички процеси во комплексни системи |
7,5 |
Проф. д-р Олга Галбова, д-р Трифче Сандев |
|
ДФИЗ/339 |
Примена на фракциското сметање (во физиката) |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Александар Ѓурчиновски, д-р Трифче Сандев |
|
ДФИЗ/340 |
Нанокарактеризација на материјали |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Владо Лазаров (од Јорк универзитетот, Велика Британија), вонр. проф. д-р Александар Скепаровски |
|
ДФИЗ/341 |
Квантен транспорт |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Владо Лазаров (од Јорк универзитетот, Велика Британија), вонр. проф. д-р Александар Скепаровски |
|
ДФИЗ/342 |
Спинтроника |
7,5 |
Вонр. проф. д-р Владо Лазаров (од Јорк универзитетот, Велика Британија), проф. д-р Атанас Танушевски |
Предметните програми, со нацрт-содржините, оптоварувањето на студентите, кредитните поени за соодветниот предмет со образложение, облиците на настава и начините на проверка на знаење, пописот на литературата, начинот на следење на квалитетот и успешноста на реализацијата на предметот и ангажираните наставници се дадени во Прилог 4. Ангажманот на наставниот кадар ќе се менува соодветно на барањата за одредени предметни програми од страна на студентите и на компетентноста на наставниот кадар, на предлог на Советот на студиската програма.
Начин на избор на предмети
Структурата на студиската програма на трет циклус студии по физика е формирана од 3 задолжителни и изборни предмети за стекнување генерички знаења и четири изборни предмети. (Студентите запишуваат еден задолжителен предмет од листата на задолжителни предмети за стекнување генерички знаења. Еден од изборните предмети студентите бираат од листата на изборни предмети за стекнување генерички знаења.
Четири од изборните предмети студентите запишуваат од листата на изборни предмети од подрачјето, полето или областа на истражување со по 7,5 ЕКТС кредити и истите се во првиот и вториот семестар. Предвидените четири изборни предмети се бираат од листата на изборни предмети за студиската програма од трет циклус студии дадена во Табела 1. Студентите запишани на докторската студиска програма по физика имаат можност да бираат еден предмет (од подрачјето, полето или областа на истражување) со дозвола на Советот на докторската школа да бираат од листите на акредитираните студиски програми за докторски студии на УКИМ.