Соопштенија

08 јули 2022

Термини за испити по предметот Психологија

ТРЕТА (АВГУСТ/СЕПТЕМВРИСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА

ПСИХОЛОГИЈА

Проф. д-р Калина Сотировска

kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk

 

Прва декада: 29.08.2022 во 15:00 часот

Втора декада: 12.09.2022 во 15:00 часот

Испитот ќе се одржи со физичко присуство на Филозофскиот факултет, студентите да бидат пред кабинетот на проф., за договор за просторија.


08 јули 2022

Термини за испити по Македонски јазик

ТРЕТА (АВГУСТ/СЕПТЕМВРИСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Проф. д-р Симон Саздов

sazdovsimon@gmail.com

 

Прва декада: 9 септември 2022 во 10 часот

Втора декада: 23 септември 2022 во 10 часот

Испитот ќе се одржи со физичко присуство на Филолошкиот факултет, во амфитеатарот А3.


08 јули 2022

Информација за склучување договори за практична настава во случај кога Факултетот нема склучено договор за реализација на практична настава со соодветниот субјект

  1. Кога не е потпишан договор за практична настава помеѓу Факултетот и субјектот (институцијата / фирмата каде студентот ќе реализира практична настава), а студентот сам си обезбедил пристап (усна согласност од Субјектот)потребно е да се уреди соработката меѓу Факултетот и субјектот за да истиот може да посетува практична настава
  2. Студентот е должен да ги обезбеди следниве податоциназив и адреса на субјектот и име и презиме на управител / директор (потписник на договорот)
  3. Пополнетата Потврда за практична настава (во три примероци) заедно со податоците од точка 2 на оваа информација да се достават до раководителот на соодветниот институт за да се подготви Договор
  4. Бланко договорите во 3 примероци се пополнуваат кај раководителот институтот
  5. Потпишаната Потврда од раководителот на институтот заедно со Договорот се носи на потпис кај деканот на Факултетот
  6. Потпишаните документи по заверката во архивата на Факултетот се предаваат на студентот
  7. Студентот е должен да го достави на потпис и заверка Договорот кај субјектот каде што ќе ја реализира практичната настава
  8. Два примероци од Договорот потпишани и заверени од субјектот потребно е да бидат вратени на Факултетот (по пошта или во архивата на Факултетот)
  9. По истекот на времетраењето на практичната настава субјектот му враќа на студентот копија од Потврдата и му издава Потврда за реализирана практична настава, со назнака во кој временски период, на официјален меморандум на субјектот, со потпис од овластено лице и печат на субјектот, заверена со архивски број. 

симни документ


06 јули 2022

Календар на активности за зимски и летен семестар во учебната 2022/2023 година

Почитувани,

Во прилог е Календарот на активности за зимски и летен семестар во учебната 2022/2023 година за прв циклус студии на Природно-математичкиот факултет-Скопје, за Ваша информација.

симни документ


05 јули 2022

ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ИФ!!! ДОКУМЕНТИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАКТИЧНА ПРАКСА И ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани студенти на ИФ,

Повелете во прилог потврдата за остварување на пракса во летниот семестар. 

Практичната пракса може да се реализира во: 

  1. субјекти (институции / фирми / лаборатории на други факултети) со кои е потпишан Договор за практична настава помеѓу Факултетот и субјектот; 
  2. субјекти (институции / фирми / лаборатории на други факултети) со кои не е потпишан Договор за практична настава помеѓу Факултетот и субјектота студентот сам си обезбедил пристап (усна согласност од субјектот). Пред почетокот на реализација на практичната настава се потпишува Договор за практична настава помеѓу Факултетот и субјектот; 
  3. Во лабораториите на Природно-математичкиот факултет.*  

     Во овој случај Потврда за реализирана практична настава може да издадат друштвата во рамки на Факултетот, стартап компаниите и друго. 
Со оглед на ситуацијата во изминатите две години дозволено е за ова учебна година практичната настава студентите да ја реализираат до завршување на зимскиот семестар во учебната 2022/2023 година. Потврдата по завршената практична настава студентот е должен да ја достави во Одделението за студентски прашања. Одложувањето е резултат на последиците од примената на мерките за справување со коронавирусоте и неможноста да се организира навремено практичната настава.
Практичната настава може да се реализира и во субјекти со кои Факултетот нема потпишано меморандум или договор, односно во кои студентите сами ќе обезбедат пристап, но под услов пред почетокот на реализација на праксата со тие субјекти договорно да се уреди соработката меѓу Факултетот и субјектот.

симни документ


30 јуни 2022

С о о п ш т е н и е  за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2021/2022 година

 

Се известуваат редовните и вонредните студенти  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека третата (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2021/2022 година  ќе се одвива во две декади, во периодот:

од  22 август  2022 до  16 септември 2022   

  • 28-ми Август, Успение на Пресвета Богородица
  • 8-ми Септември, Ден на независноста
  • Термините ги објавуваат институтите при факул­тетот. При правењето на распоредот треба да се внимава помеѓу двата термини, да има минимум 10 дена.(согласно  чл. 45, од од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и  втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019 ).

Студентите во третата испитна сесија, можат да полагаат испити, од предмети слушани во  зимскиот и во летниот семестар во уч.2021/2022 година.

Студентите за да можат да пријават испит, треба да им е  уредно   запишан летниот семестар во учебната 2021/2022 година, како и да имаат уредно добиено електронски  потпис.

НАПОМЕНА Вонредните студенти  и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ.

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                                      ПМФ – Скопје

- банка на примач                                                         НБРМ

- трансакциска сметка                                                 100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ                      1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                           723013 - 41 – 2


ЕЛЕКТРОНСКО
ТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ

Третата испитна сесија во учебната 2021/2022 година, во i-know системот www.iknow.ukim.edu.mk е внесена како 2022 Август-Септемвриска испитна сесија.

 Електронското пријавување на испитите, ќе се одвива од 04.07.2022 до 19.08.2022 година и е задолжително за сите студенти на ПМФ.

Доколку, студентот не ги извршил обврските пропишани со студиската програма од одредена предметна програма и не добил потпис, не може да пристапи на испит (согласно  чл. 39, од од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус (додипломски студии) и  втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, бр.417, од 29 јануари 2019).

Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија).

Официјалниот распоред на испитите по денови, начинот на реализирање, просториите во кои ќе се одвиваат истите,  ќе биде  објавен на веб страниците на институтите на ПМФ.

Доколку имате некои недоследности во вашето електронско досие,  поврзани со студиската програма (предмети, испити, проф. и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс,  за студентите на институтите за:

-      биологија, биологија-хемија, етнологија и антропологија – lidija.mitevska@pmf.ukim.mk

-      хемија, географија, математика, физика, математика-физика- ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk

За технички проблеми (заборавена лозинка, промена на електронска адреса и сл.), пратете ни  порака, во која задолжително да се напише опис на проблемот, број на индекс,  име и презиме на студент и електронска адреса со која сте регистрирани во системот.

- stefan@pmf.ukim.mk

Кратко упатство: поле "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. На оваа страница се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од студентската служба (04.07.2022 до 19.08.2022 г.).

Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги чекиравте во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за следната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

30.06.2021 година                                                                       од Деканатот,


16 јуни 2022

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ШКОЛА ВО НИШ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ICTP

Сите зaинтересираните студенти, магистранти и докторанти можат да аплицираат за учество на школата во периодот од 19 до 30 септември каде што сместувањето е платено, а може да се бара и грант за патни трошоци. Рокот за пријавување е до 31 јули.

Информации на следниот линк https://indico.ictp.it/event/9826/overview


симни документ


02 јуни 2022

ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ИФ! ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ

ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА УКИМ

симни документ


26 мај 2022

Оглас ПРАКСА ПИВАРА

ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ИФ! Погледнете го последниот оглас за пракса од Пивара-Скопје

симни документ


16 мај 2022

Термини за полагање на предметот Психологија за студентите од ПМФ во втората (летна) испитна сесија за уч.2021/2022 година

Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека термините за полагање на испитот по Психологија, кај проф. д-р Калина Сотироска во втората (летна) испитна сесија за уч.2021/2022 год. , ќе се одржат во две декади и тоа:

 Прва декада: 31.05.2022- во 15 часот електронски

 https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3a_KxeCi92qYHKBoM9hOcEl2Pyhj8SYtKQ-oz3G-LboxE1%40thread.tacv2/1652442795577?context=%7b%22Tid%22%3a%22e97c9cac-a220-4766-a75e-05b1c55deea5%22%2c%22Oid%22%3a%22e8915dc2-8a57-48c1-9aca-99aca9e07506%22%7d

 Втора декада: 14.06.2022 во 15:00 часот електронски

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3a_KxeCi92qYHKBoM9hOcEl2Pyhj8SYtKQ-oz3G-LboxE1%40thread.tacv2/1652442873231?context=%7b%22Tid%22%3a%22e97c9cac-a220-4766-a75e-05b1c55deea5%22%2c%22Oid%22%3a%22e8915dc2-8a57-48c1-9aca-99aca9e07506%22%7d


| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |

Следни испити

Април/Мај
П В С Ч П С Н
22232425262728
293012345
6789101112
13141516171819
20212223242526
сите

Резултати од испити

по датум     по предмет


© 2024. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.