Соопштенија

29 март 2021

Известување за априлска (дополнителна) сесија

Априлската (дополнителна) испитна сесија во уч. 2020/2021 година ќе се одвива од 05.04.2021 до 16.04.2021 година.    

Студентите ќе можат да полагаат најмногу 2 испита што ги слушале во зимскиот семестар во уч. 2020/2021 година

Електронското пријавување на испитите ќе се одвива до 4 април 2021 година, а ќе започне веднаш по активирањето на сесијата од страна на УКЦ. Студентите од Институтот за физика, покрај електронското пријавување, задолжително да се пријават најдоцна до 4 април 2021 година, и кај техничкиот секретар на Институтот, на следната е-маил адреса: vesna.mancevska@pmf.ukim.mk. 

Студентот покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.

Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски,  пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник. 


24 февруари 2021

КОНКУРС за избор на заменик студентски правобранител на ПМФ Скопје со мандат од две години, без можност за реизбор

Кандидатите треба да го исполнуваат условот согласно член 41, став 5 од Статутот на Факултетското студентско собрание, односно да се редовни студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Кон пријавата, кандидатите треба да достават потврда дека се редовни студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје и кратка биографија. Изборот на заменик студентски правобранител ќе биде извршен на наредната седница на Факултетското студентско собрание со тајно гласање. За избран ќе се смета кандидатот кој добил мнозинство од вкупниот број на присутни членови, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на членови, согласно член 41, став 2 од Статутот на Факултетското студентско собрание. Кандидатите доставуваат пријава и документи во архивата на Природноматематичкиот факултет во Скопје ул. Архимедова, во рок од 15 дена од денот на објавувањето.


17 февруари 2021

Повик за докторски студии на Универзитетот „Александар Дупчек“ во Тренчин, Словачка

Истражувачкиот институт „Centre for Functional and Surface Functionalized Glass“ во рамките на Универзитетот „Александар Дупчек“ во Тренчин, Словачка, нуди можност за докторски студии за македонски студенти за учебната 2021/22 година. За повеќе информации посетете го следниот линк https://www.funglass.eu/study-programs/doctoral-study-phd/.


06 февруари 2021

ВАЖНО! Соопштение во врска со уписите на летниот семестар

Драги студенти,

Заверката на зимскиот и уписите на летниот семестар од учебната 2020/2021 година ќе започнат на 10.02.2021 година. Со цел да се избегнат гужвите, посебно во услови на пандемија, поднесувањето на документите ќе се одвива на три различни локации, а секој студент ќе добие термин за поднесување на документите. Студентите на студиските програми по физика документите ќе ги поднесуваат во просторија бр. 147 на првиот спрат во новата зграда.

Подготовката и издавањето на координаторските листи ќе се одвива во периодот од 08.02. до 12.02.2021 година. Сите студенти ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да дојдат и да добијат координаторски листи во споменатиот период.

Распоред за координаторство по семестри:

- Понеделник  - студенти кои запишуваат II семестар

- Вторник - студенти кои запишуваат VIII семестар

- Среда - студенти кои запишуваат IV семестар

- Четврток - студенти кои запишуваат VI семестар

- Петок - студенти кои запишуваат X и повисоки семестри

Координаторката на студиските програми по физика, проф. д-р Весна Гершан, ќе почнува со координаторските активности во 9 часот. Поради нејзините дополнителни професионални обврски координаторските активности ќе бидат паузирани во одредени периоди кои се наведени подолу:

-         Понеделник: 10-11 h и 13-14 h

-         Вторник: 9-10:30 h и 12-13 h

-         Среда: 12-12:30 h

 За да го заштите своето, како и здравјето на координаторите, Ве молиме да се придржувате до препорачаните мерки за претпазливост и заштита од Ковид-19 во текот на процесот на координаторство.


01 јануари 2021

Известување за начинот и терминот на спроведување на Студентски избори 2020

Почитувани студенти,

Вe известуваме дека со оглед на состојбата со CoVid-19 и потребата за примена на мерки за справување со коронавирусот, собирите на студенти по Институти ќе се спроведат on-line, така што, тајното гласање за пријавените кандидати од соодветната студиска година со кое ќе се утврдат кандидатите за членови на Факултетското студентско собрание ќе се спроведе на 04.01.2021 година.

Сите студенти кои имаат право на глас (студентите кои уредно го запишале зимскиот семестар во учебната 2020/21 година), линк со гласачкото ливче ќе добијат преку iknow системот на 04.01.2021 година.

На изборите кои ќе се спроведат на ниво на Институти, секој студент има право на глас само за кандидатите за членови од неговата студиска програма и годината на студии во која студентот е запишан.

Гласањето за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ниво на ПМФ ќе се спроведе на 11.01.2021 година, така што, сите студенти кои имаат право на глас (студентите кои уредно го запишале зимскиот семестар во учебната 2020/21 година), линк со гласачкото ливче ќе добијат преку iknow системот на 11.01.2021 година.

На изборите на ниво на ПМФ, сите студенти имаат право на глас за претседател на ФСС и право на глас за сите кандидати за членови на ФСС.

Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ е објавена на web страната на ПМФ, во која се содржани сите потребни информации околу изборите. 

 

Kомисија за спроведување на изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет во Скопје


26 декември 2020

Избори за претседател и членови на Факултетското собрание на ПМФ

Почитувани студенти,

Вe потсетуваме дека пријавувањето на кандидати за членови на факултетското студентско собрание е во тек.

Сите заинтересирани студенти, од сите три циклуси на студии, кои го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година, својата кандидатура може да ја испратат на официјалниот е-маил на Факултетот pmf@pmf.ukim.mk најдоцна со 30.12.2020 година.

Во пријавата, освен име и презиме, задолжително треба да се наведе бројот на индекс и студиската програма на која е запишан студентот.

Одлуката за распишување на избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ е објавена на web страната на ПМФ, во која се содржани сите потребни информации околу изборите.

Kомисија за спроведување на изборите за претседател и членови на факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет во Скопје


01 октомври 2020

Настава по МФ 1

Се известуваат студентите од втора година дека настават по предметот Математичка физика 1 ке започне на 2 Октомври во 10:30 часот во Голем физички амфитеатар.

Проф. д-р Даница Крстовска


04 јуни 2020

СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАЈАВАТА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

Драги студенти,

Бидејќи реализацијата на испитите со физичко присуство ќе се одвива согласно мерките за заштита од COVID 19, кои меѓу другото предвидуваат ограничување на бројот на студенти кои во даден момент може да присуствуваат во одредена просторија, задолжително е секој студент да го најави своето присуство на испит најдоцна 48 часа пред почетокот на испитот, преку електронска порака испратена до предметниот наставник. 


02 јуни 2020

Информација за студентите од д-р Наце Стојанов

Почитувани студенти,
Заради обезбедување на „работни места пред компјутер“ при физичко присуство на испит, и формирање на групи по потреба, се препорачува да го пријавите вашето присуство во два од трите рока за испити на email адреса: nacestoj@gmail.com
Благодарам за разбирањето !
д-р Наце Стојанов


20 мај 2020

Повик за учество на студентите по физика на „Меѓународната студентска конференција на младите уметници и научници СКУН“

Во периодот 13-14 октомври 2020 година, на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ќе се одржи Меѓународна студентска конференција на младите уметници и научници - СКУН.  Се повикуваат сите заинтересирани студенти на Институтот за физика при ПМФ - Скопје да земат активно учество на конференцијата. За повеќе информации околу пријавувањето отворете го прикачениот документ.

симни документ


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
© 2022. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.