Соопштенија

22 декември 2021

Термин за испитот по Математичка анализа 2 , Јануарска сесија

Полагањето на предметот Математичка анализа2 (од 2 семестар) во Јануарската сесија 2021/2022 ќе се одвива со физичко присуство на студентите. Термините за полагање се следниве:    

            1декада - 20.01 во 10:00 часот во математички амф   

            2декада - 02.02 во 10:00 часот во математички амф   

              (на ист термин се полага писмен и усен дел).    

Освен што испитите треба да се уредно пријавени во iknow системот, студентите треба да го пријават приуството на испит по e-mail (abdullabuklla@hotmail.com), најдоцна два дена пред испитот. Ова е многу важно за да се знае, согласно протоколот, колку студенти ќе полагаат во конкретниот термин. Доколку тоа не го направат, нема да може во тој термин да полагаат. Испитите ќе траат најмногу 120 минути.    



22 декември 2021

Календар на наставни активности за зимски и летен семестар во учебната 2021/2022 година за прв циклус студии на ПМФ

1

Почеток на студиска 2021/2022 година

01.10.2021

Зимски семестар 2021/2022 

 

2

Времетраење на зимскиот семестар

04.10.2021 ‒ 14.01.2022  

3

Давање потписи за зимскиот семестар (електронски)

03.01.2022 – 14.01.2022

4

Пријавување за Јануарска (прва) испитна сесија (on-line)

27.12.2021 – 14.01.2022

5

Јануарска (прва) испитна сесија (две декади)

17.01.2022 – 11.02.2022

6

Заверка на зимски семестар 2021/2022 и Упис на летен семестар 2021/2022

07.02.2022 – 18.02.2022

Летен семестер 2021/2022

 

7

Времетраење  на летниот семестар

14.02.2022 – 27.05.2022

8

Давање потписи за летниот семестар (електронски)

16.05.2022 – 27.05.2022

9

Пријавување за Jунска (втора) испитна сесија (on-line)

16.05.2021 – 27.05.2022

10

Jунска (втора) испитна сесија (две декади)

30.05.2022 – 01.07.2022

11

Пријавување  на   Августовско – септемвриска (трета) испитна сесија (on-line)

04.07.2022 – 19.08.2022

12

Августовско-септемвриска (трета) испитна сесија (две декади)

22.08.2022 – 16.09.2022

13

Заверка на летен семестар 2021/2022 и Упис  на зимски семестар 2022/2023

19.09.2022 – 30.09.2022

Ноемвриска сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година. Термините за практичен и теоретски дел од испитот треба да се објават најдоцна до 15.11.2021 година на веб страните на институтите во категоријата Испити, а како алтернатива да стои во делот Соопштенија. 

Априлска сесија ќе се одвива во периодот од 04.04.2022 година до 15.04.2022 година. Термините за практичен и теоретски дел од испитот во треба да се објават најдоцна до 28.03.2022 година на веб страните на институтите во категоријата Испити, а како алтернатива да стои во делот Соопштенија. 

Факултетот го задржува правото да изврши измени на роковите утврдени со овој календар доколку тоа го налага специфичноста на здравствената ситуација или поради други оправдани причини.

Од Деканатот


22 декември 2021

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

СЕ ИЗВЕСТУВААТ РЕДОВНИТЕ И ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:

 17 јануари 2022 – 11 февруари 2022 (две декади)

 19.01.2022 г. е неработен ден, Богојавленије-Водици (православна вероисповед),

  27.01.2022 г. е неработен ден, Свети Сава (српската заедница)

СТУДЕНТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, МОЖАТ ДА ПОЛАГААТ ИСПИТИ СЛУШАНИ ВО ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА, КАКО И ПРЕДМЕТИ СЛУШАНИ ВО ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ.2020/2021 ГОДИНА.

СТУДЕНТИТЕ ЗА ДА МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИСПИТ, ТРЕБА ДА УРЕДНО ДА ИМ Е ЗАПИШАН ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧ. 2021/2022 ГОДИНА.

ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ВО ПРВАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2021/2022 ГОДИНА, ВО I-KNOW СИСТЕМОТ, ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:

27.12.2021 ДО 14.01.2022 ГОДИНА

ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЌЕ ИМААТ САМО ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВАТ ИСПИТОТ.


10 декември 2021

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДИПЛОМИРАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ИФ

Се известуваат сите дипломирани студенти на Институтот за физика дека доделувањето на дипломите ќе се одвива со физичко присуство на 16 декември 2021 година во 12:45 часот во малиот физички амфитеатар.

Ве очекуваме!


23 ноември 2021

Отворен ден на УКИМ - ПМФ


Natural Sciences | University of Arkansas

Почитувани,

Во рамките на ОТВОРЕНИОТ ДЕН НА УКИМ 2021, на 30.11.2021 година ќе се одржи централен настан од 10:00 до 12:30 ч, на кој, на сите интересенти за студирање на УКИМ ќе им се обрати Ректорот, проф. д-р Никола Јанкуловски. Линк за приклучување:


Истиот ден, на 30.11.2021 година од 12:00 до 13:30 ч. преку платформата Microsoft Teams ќе се одржи електронска презентација  на студиските програми за прв циклус студии на Природно-математичкиот факултет пред идните студенти. 

План е настанот да се одвива по следниов редослед:
1. Настанот ќе го отворат Деканот на ПМФ и Продеканот за наставни и студенски прашања.

2. Презентацијата ќе ја водат раководителите на институтитеРедоследот е направен согласно редоследот на институтите по азбучен ред: биологија, географија, етнологија и антропологија, математика, физика и хемија.

3. По презентацијата ќе земе збор претседателот на ФСС Даниел Николовски кој накратко ќе го претстави Факултетското студенско собрание.

4. Ке следи претставување на студенти од институтите (еден или двајца кои тековнио студираат на прв циклус студии) кои ќе споделат  информации и искуства кои се придобивките за идните студенти доколку изберат да студираат на некоја од студиските програми на ПМФ. 

5. Во зависност од типот на поставените прашања, одговараат раководителите на институтите, раководителот на Одделението за студентски прашања и студентите.
6. Затварање на настанот.

05 ноември 2021

Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2021/2022 год.

Се известуваат студентите, дека  ноемвриската  испитна сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година.

             Право за полагање имаат студентите кои:  уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2021/2022 година и уредно им е заверен летниот семестар од уч.2020/2021 година.

Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и  полагаат најмногу 2 (два) испита  од летниот семестар од учебната 2020/2021 година.

         Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната испитна сесија ќе се одвива од  05.11.2021  до 02.12.2021 г. преку електронскиот “i-know” систем. 

             Студентот  покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство.

            Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски,  пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник.

         Одлука за ноемвриската испитна сесија


07 октомври 2021

МОЖНОСТ ЗА ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА НУКЛЕАРНА ФИЗИКА ПРИ ПОЛСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ, КРАКОВ, ПОЛСКА

Ве известуваме дека на Институтот за нуклеарна физика при Полската академија на науките во Краков, Полска, има отворен повик за студенти докторанди. Сите заинтересирани кандидати може да добијат повеќе информации на следниот линк:

https://inspirehep.net/jobs/1937612

Рокот за пријавување е до 15 октомври 2021 година.


29 септември 2021

ВАЖНО! СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ЗА НОВИТЕ СТУДЕНТИ 

 

ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ЗА НОВИТЕ СТУДЕНТИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ФИЗИКА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 1.10.2021 ГОДИНА (ПЕТОК) ВО 11 ЧАСОТ ВО ГОЛЕМИОТ ФИЗИЧКИ АМФИТЕАТАР.

22 септември 2021

МОЖНОСТ ЗА ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА ТЕХНИЧКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ВИЕНА, АВСТРИЈА

Ве известуваме дека Техничкиот Универзитет во Виена во рамките на проектот "ENROL" (Marie Skłodowska-Curie COFUND doctoral programme) отвора повеќе места за студенти докторанди. Една од целите на проектот е да привлече студенти од земји, коишто не се членки на Европската унија. Сите заинтересирани кандидати може да добијат повеќе информации за проектот ENROL на следниот линк:

https://www.tuwien.at/en/enrol

Повикот се отвора на 1 ноември 2021 година, а аплицирањето ќе се врши преку порталот на ТУ Виена на линкот:

 https://tuwien.bewerberportal.at/Jobs


12 август 2021

ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ГЕОФИЗИКА И МЕТЕОРОЛОГИЈА

Погледнете ја презентацијата за областа метеорологија на овој линк.


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
© 2022. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.