Соопштенија

30 март 2022

Објава на Јавен Повик - Предизвик за студенти иноватори

Почитувани декани,

Почитувани претставници на високообразовните институции во ОГБ,

 

Веќе традиционално секоја година објавуваме Јавен Повик за финансирање на иновативни проекти на Факултетите - „Предизвик за студенти иноватори“.

Интересот од година во година се повеќе расте, како и квалитетот на иновативни проекти кои ги аплицираат тимовите студенти со менторска поддршка на нивните професори.

Секако со тоа расте и фондот за финансиската поддршка. 

Почнавме со финансиска поддршка на два најдобро оценети проекти, продолживме со поддршка на три проекти, за да оваа година финансиски поддржиме четири проекти.

Се надеваме дека и оваа година интересот ќе биде голем и со сериозно квалитетни проекти како и минатата година.

Ве покануваме и оваа година да се вклучите со тимови од вашите факултети, и секако иновативни проекти кои ќе го предизвикаат интересот на Комисијата за евалуација на општина Гази Баба.

Повеќе информации за Јавниот Повик и потребните документи и формулари за аплицирање може да најдете на следниот линк:

 

Ве очекуваме. 

Со почит,

 

Sasho Trajkov

Head of sector for LED & ICD

М: +389 75 226 385

contact@gazibaba.gov.mk

sasho.trajkov@gmail.com

 MUNICIPALITY OF GAZI BABA - SKOPJE

Arhimedova 2, 1000 Skopje, Macedonia

www.gazibaba.gov.mk


23 март 2022

Известување за терминот за полагање на предметот Психологија во дополнителната (априлска) сесија во уч.2021/2022 година

Испитот по предметот Психологија ќе се одржи на 10.04.2022 во 16:30 часот и истиот ќе се одвива електронски на следниот линк

https://teams.microsoft.com/l/team/19%3a6xZvobGNzK-0pGOZmLVQCzVSBTWsmlVc1QuyQHVHLho1%40thread.tacv2/conversations?groupId=7ee6385a-7608-4dde-82e5-2bf9d6c5f962&tenantId=c7604dcf-ecca-4b5d-8c73-c2c81ad2ca5b


14 март 2022

Информација за априлска сесија

Дополнителната априлска испитна сесија ќе се одвива од 04.04.2022 г. до 15.04.2022 г. Во оваа испитна сесија студентите ќе можат да полагаат најмногу 2 испити што ги слушале во зимскиот семестар.  

Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната испитна сесија ќе се одвива од 30.03.2022 г. до 04.04.2022 г. преку електронскиот “i-know” систем. 

Термините за практичен и теоретски дел од испитот во априлската испитна сесија треба да бидат објавени најдоцна до 28.03.2022 г. на веб страните на институтите во категоријата Испити.


01 февруари 2022

Инфорамции за зимски и летен семестар 2021/2022

* Студентски водич за упис на летен семестар 2021/2022.  Повеќе
* Соопштение за заверка на зимскиот семестар и упис на летен семестар во учебната 2021/2022. Повеќе     
* Образец Барање за плаќање на рати летен семестар 2021/2022.  Повеќе
* Образец Барање за замена на изборен предмет Повеќе
* Образец Барање за запишување од 36 до 40 ЕКТС Повеќе


26 јануари 2022

Термини за испит кај Проф. д-р Маргарета Пецовска Ѓорѓевиќ во јaнуарска  испитна сесија

(Биофизика, Обновливи извори на енергија,Mедицинска физика, писмен испит од Механика и Молекуларна физика за математика-физика)

Испитите кај Проф. д-р Маргарета Пецовска Ѓорѓевиќ  (Биофизика,Медицинска физика, Обновливи извори на енергија, писмен испит Механика и Молекуларна физика) во јануарска испитна сесија ќе се одржат во:

Прв испитен рок на 26.01.2022 (среда) од 10 до 12 часот во просторија 115

Втор испитен рок на 9.02.2022 (среда) од 10 до 12 часот во просторија 115

Усмен испит за Механика и Молекуларна физика по договор.

Студентите треба да го пријават присуството по e-mail  најдоцна еден ден пред испитот.


30 декември 2021

Известување за предметот Спорт и здравје

 Се известуваат сите редовни студенти кои ја посетувале наставата преку далечинско учење дека добивањето потпис и реализација на истата ќе може да остварат на почетокот од идниот месец (11,12.01.2022) од 9.00 до 12.00 часот. За реализација на наставата на редовните студенти потребен е минимум од 60% од севкупниот број на часови. Доколку имате помалку тогаш ќе треба да направите семинарска работа која се вреднува 30% од севкупниот број на предавања.

                Вонредните студенти се ослободени од редовната настава. Тие треба да посетуваат 30% од севкупниот број на часови или да направат семинарска работа која се вреднува 30% од севкупниот број на предавања.

                Студентите семинарските работи треба да ми ги достават во пишана тврда верзија.

                Се молат студентите да не доаѓаат индивидуално. Координаторите или одговорните студенти по групи да ги соберат индексите, пријавите, семинарските и истите ми ги достават во определениот термин 11, 12-01-2022 год. од 9.00-12.00 часот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Со почит,

др. Ристо Стаменов

30.12.2021 г.


29 декември 2021

Термини за полагање на предметот Хемија во јануарска испитна сесија за уч. 2021/2022 година

Прва декада 

Писмен испит 17 јануари 

Устен испит 26 јануари 


Втора декада 

Писмен испит 31 јануари 

Устен испит 9 февруари


Испитите ќе се одржат со физичко присуство во амфитеатарот на Институтот за хемија.


27 декември 2021

Термин за полагање на предметот Македонски јазик во јануарска испитна сесија за уч. 2021/2022 год.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Проф. д-р Симон Саздов - Филолошки факултет

s.sazdov@yahoo.com

I декада 26 јануари во 9 часот во Голем амфитеатар А3 на Филолошки

II декада 10 февруари во 10 часот во Голем амфитеатар А3 на Филолошки.


27 декември 2021

Термин за полагање на предметот Психологија во јануарска испитна сесија за уч.2021/2022 год.

ПСИХОЛОГИЈА

Проф. д-р Калина Сотироска - Филозофски факултет

kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk

I декада 17.01.2022 во 16:00

https://teams.microsoft.com/l/team/19%3aT2kKdS2JKXB1ORPmUw1ky9bQ2B2947G5ZLMc1Y0Jils1%40thread.tacv2/conversations?groupId=4946470a-e62a-49c3-bff0-d48203cee865&tenantId=e97c9cac-a220-4766-a75e-05b1c55deea5

II декада 11.02.2022 во 16:00

https://teams.microsoft.com/l/team/19%3aT2kKdS2JKXB1ORPmUw1ky9bQ2B2947G5ZLMc1Y0Jils1%40thread.tacv2/conversations?groupId=4946470a-e62a-49c3-bff0-d48203cee865&tenantId=e97c9cac-a220-4766-a75e-05b1c55deea5


27 декември 2021

Термин за полагање на предметот Педагогија во јануарска испитна сесија за уч.2021/2022 год.

ПЕДАГОГИЈА

Проф. д-р Борче Костов - Филозофски факултет

borcekostov@yahoo.com

I декада 24.01.2022 (понеделник) со почеток во 11 часот на МС Тимс

II декада 07.02.2022 (понеделник) со почеток во 11 часот на МС Тимс


| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
© 2022. Институт за физика, ПМФ, УКИМ, Скопје.